ЛЕСА

ЛЕСА (коцељ)‡ женски украс за на коса. Составен е од низа плетенички украси (плетенчики) направени од природна коса. Овие плетенки се широки околу 1 цм, а се долги 50-60 цм. Пришиени се на парче платно – богасија, широко околу 5 см. На главата се прикачува од двете страни со помош на куки. Самите плетенки, околу десетина на број, се прикачени една со друга со низа (редеши) од ситни пари. Во кумановскиот регион е позната под името леса, а во другите краеви се нарекува коцељ. Како составен дел на женската невестинска носија се носела сè до крајот на минатиот век. Ј. Р. П. Лешници од обична леска