ЛЕОН (Леон) (крајот на Ⅳ и првата половина на Ⅲ в. пр.н.е.) – пајонски крал (280/279-250 г. пр. н.е.), најверојатно втор син на пајонскиот крал Авдолеон. На престолот дошол непосредно по навлегувањето и пустошењето од Га-лите (280/279 г. пр.н.е.). Тој успеал да ја консолидира и да ја возобнови опустошената земја. Неговото име се среќава на еден натпис од Олимпија и ваза од Делфи. Освен тоа, зачувани се и негови монети од бронза. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999. К. М.-Р. Франсоа Леотар ЛЕОТАР, Франсоа (Францоис Лео-тар) (Кан, Франција, 26. Ⅲ 1942) – член на Републиканската партија на Франција; министер за култура (1986-1988); министер за одбрана (1993–1995); специјален претставник на ЕУ во својство на олеснувач во процесот на склучувањето и имплементацијата на Рамковниот договор (13. Ⅷ 2001, Охрид) и негов потписник во својство на сведок. ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007; Фрамењорк Агреемент, Охрид, 13.Ⅷ 2001. Т. Петр. Реката „Лепенец”