ЛЕБАРКИ

ЛЕБАРКИ (Блаттоидеа) – инсекти правокрилци. Телото им е сплескано и овално со тенки и долги пипала. Достигнуваат големина од неколку милиметри до неколку сантиметри. Имаат долги нозе со четинки. На задниот дел од телото имаат еден пар израстоци (церци). Усниот апарат им е приспособен за гризење. Некои видови се приспособени за живот во човечки домови, фурни, магацини. Се хранат со леб, компир, зеленчук. широко се распространети – космополити. Активни се ноќе и брзо бегаат од светлина. Индиректно можат да бидат пренесувачи на разни заразни болести. Подредот опфаќа околу 3.500 видови. Во Македонија најчести се видовите: голема црна лебарка (Блатта ориенталис Л.); мала лебарка (Блаттелла германица Л.) и шумска лебарка (Ецтобиус лаппоницус Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991. В. Т. К. – М. Кр.