ЛАЗОВ, Петар Ристов (Кавадарци, 25. Ⅵ 1946) – математичар, ред. проф. (1989) на ЕТФ. Дипломирал (1969) на ЕТФ во Белград, каде што магистрирал (1975) и докторирал (1977) со темата Полиномни решенија на алгебарски диференцијални равенки и нивна примена при факторизација на полиномни диференцијални оператори. Публикувал трудови главно од областа на диференцијалните равенки. Н. Ц.