ЛАВРОВ, Петар Алексеевич (Јарослав, Русија, 6/18. IX 1856 – Ленинград/СПб., 24. XI 1929) – руски славист, кирило-методиевист, палеограф и историчар на старата словенска писменост и литература. Го завршил Историско-филолошкиот факултет на Московскиот универзитет (1879). Кандидатска дисертација одбранил за српските народни песни од косовскиот циклус, магистерска за црногорскиот поет П. П. Његош и неговото литературно дело (1887), а докторска за звуковите и формалните особености на бугарскиот јазик (1893). Бил професор на Московскиот, Варшавскиот, Новоросискиот (Одескиот) и С.-Петербуршкиот универзитет. Избран за дописен (1902) и редовен член (1923) на РАН, а доп. член е и на Српската (1906), Чешката (1907) и Југословенската академија на науките (1911). Учесник во „Македонската експедиција” на РАН (1900), кога се запознава и со својот иден студент К. П. Мисирков. Ги воведува првите универзитетски предавања за македонските говори (1900/01) и го поттикнува Мисиркова да собира народни песни и да направи опис на својот крај на родниот говор, па станува и негов ментор за дипломската работа „Къ вопросу о народности и скаго короля Марка” и препорачувач за неговите постдипломски студии на Катедрата за словенска филологија (1902). БИБ.: Список трудов проф. П. А. Лаврова, „Известия Академии наук”, 6 сер., 1923, № 17; Б. М. Ляпунов, Список ученÎх трудов акад. П. А. Лаврова, напечатаннÎх с 1923 г., „Известия АН”, 7 сер., Отделение гуманитарнÎх наук, № 8, М., 1930; Блаже Ристовски, Раните ракописи на Крсте П. Мисирков на македонски јазик, Скопје, 1998. Бл. Р. Асен Лагадинов -Димчо ЛАГАДИНОВ-ДИМЧО, Асен