КУФОЈАНАКИС, Михајло

КУФОЈАНАКИС, Михајло (Скопје, 20. Ⅲ 1958) – виолинист. Дипломирал на ФМУ во Скопје (З. Димитровски, 1981). Постдипломски студии завршил на Државниот конзерваториум „П. И. Чајковски” во Москва (Д. Циганов, 1983). Од 1986 г. е професор на ФМУ во Скопје. Водач на Квартет „Гајдов” (1989–1995). Солистички концертирал во РМ и во повеќе европски земји. Сн. Ч.-Ан. Фрањо Кухач