КУБА, Лудвиг (Подебради, Чешка, 16. Ⅳ 1863 – Прага, 30. XI 1956) – фолклорист, музиколог и сликар. Голема страст и животна определба му била да патува по словенските земји и да ги бележи и проучува нивните народни песни и инструменти. Неговото капитално дело е „Слованство ве свѕцх зпевецх” во 15 тома. За Македонија особено е значајна неговата собирачка дејност објавена во ⅩⅣ том „Писне Македонске” (1929). Тој е првиот етномузиколог што во своите анализи на македонската народна песна јасно укажал на влијанијата на ориенталната и западноевропската струја. Своето одушевување од македонската песна го изразил и со познатата реченица: „Таа е прекрасен мозаик од многу ефектен мермер.” БИБ.: Лудвик Куба, Слованство, книха ⅩⅣ, Дил. Писне јихослованске – П‹сни на Œжнитъ Славяни. Част Ⅷ. Писне Македонске. Македонски п‹сни. Преложил Јан Худец, Праха, 1928. М. Кол. Лудјек Кубеш