КОЏАБАШИЈА, Јане

КОЏАБАШИЈА, Јане (с. Купа, Егејска Македонија, 19. Ⅶ 1942 г.) – композитор и музиколог. Напоредно пишува критики што ги објавува на Радио Скопје, каде што бил и уредник на Музичката продукција, како и во дневниот печат. Во последните две децении на ⅩⅩ в. пројави мошне интензивна музиколошка активност во истражувањето на македонската духовна музика. Благодарение на него, јавноста во Македонија се запозна со делото „Пасхалија” на Јоан Хармосин Охридски и уште со неколку значајни ракописи од ⅩⅠⅩ в. Мошне интензивно се занимава и со проблемите на теоријата и музичката нотација од овој период. Напиша и повеќе статии објавени во списанието „Музика”. М. Кол.