КОСОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН

КОСОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН .(кај ман. Прохор Пчински, 11. XI 1943 – с. Вишевци, кај Власотинац, Србија, 25. Ⅲ 1944) – воена единица на НОВ и ПОС. Бил формиран од дел од борците на шарпланинскиот НОПО и една чета косовски партизани од Јужноморавскиот НОПО. Дејствувал во соработка со македонските и јужноморавските единици на кумановсковрањското подрачје: напад на Крива Паланка (биле ослободени околу 1.000 собрани селани за интернација во Бугарија, 13. Ⅰ 1944), кај с. Билјача (7/8. Ⅱ), кај Табановце (11. Ⅱ), во разбивањето на Вардарскиот четнички корпус кај с. Сејац (29. Ⅱ), кај Билјача, Братоселце, Буштриње, Свињишта и Бугариње (16. Ⅲ). Наскоро влегол во состав на Косовскиот НОПО. ИЗВ.: Куманово и Кумановско во НОВ 1941–1945. Документи, Куманово, 1988.ЛИТ.: Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976. С. Мл.