КОРНЕТИ-ПЕКЕВСКА, Костандина Леонидова

КОРНЕТИ-ПЕКЕВСКА, Костандина Леонидова (Кочани, 11. Ⅱ 1949) – анатом, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1999). Дипломирала медицина во Скопје (1973), магистрирала (1980), а во 1988 г. докторирала за иследувањето на крвните садови на срцето. Се усовршувала и истражувала во Балтимор (1984), Лондон (1998) и Берлин (1999 и 2002). Продекан на Мед. ф. (1994-1997), директор на Институтот за анатомија (1998-1999). Вовела инјективни методи во ангиолошките истражувања на срцето и бубрегот со современи методи. Водела два национални проекта и објавила над 150 трудови. Предавач на курсеви и работилници во земјата и во странство (Белград, Лајден, Падова и Берлин). Член на национални и меѓународни стручни асоцијации. Коавтор е на првиот енциклопедиски медицински речник во Македонија. БИБ.: Коавтор: Медицински англискомакедонски речник, Скопје, 2002; Анатомија на карлица, Скопје, 1993, 2000; Анатомија на човекот, Скопје, 2000.ЛИТ.: Билтен на УКИМ, бр. 844. К. К.-П.