КОНСЕНЗУАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО СРМ/РМ

КОНСЕНЗУАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО СРМ/РМ -. (лат. цонсенсус – согласност), одлучување врз основа на усогласени ставови меѓу два или повеќе колективитета во поделените и плуралните општества. Овој систем на одлучување започна да се применува во СРМ од 1971 г. при постапката за измена на Уставот на СФРЈ и при донесувањето на самоуправните спогодби и општествените договори. Поширока примена доживува по потпишувањето на Рамковниот договор (13. Ⅷ 2001) и донесувањето на Уставните амандмани (16. XI 2001), по што во Собранието на РМ се воведува двојното мнозинство гласови: мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од пратениците што им припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во РМ (Бадентерово мнозинство). Со овој вид мнозинство се донесуваат закони од интерес за малцинските заедници и се врши измена на преамбулата и на уставните одредби со кои се регулираат малцинските права. Консензуалната демократија се остварува и преку други облици на соработка, особено преку владејачката коалиција на партиите од македонскиот и албанскиот етнички блок. ЛИТ.: Аренд Липхарт, Демократијата во плуралните општества, Скопје, 1994; Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш.