АНТОНИН ПИЈ

АНТОНИН ПИЈ (86 – 161) – рим-ски император (138–161) од династијата на Антонините. Спровел административни реформи. Се грижел за финансиите и за правилното функционирање на судовите во државата. Неговото владеење се смета за период на најголем подем и расцут на Римското Царство. Во традицијата останало запаметено неговото почесно име „Благочестив” (Пиус), а по него и целата династија го добила тоа име.