АНТОНИЈ, Иоаноич јеромонах иконописец (Битолско, крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – ок. средината на ⅩⅠⅩ в.) – според неколку потписи на икони може да се заклучи дека потекнува од околината на Битола и бил монах во манастирот „Св. Пречиста Кичевска”. Неговата зографска активност засега се следи од 1810 г. во Бигорскиот манастир, во црквата „Св. Атанасиј” во с. Октиси (1812), во с. Долно Мелничани (1816), во манастирот „Св. Пречиста Кичевска” (1819), во с. Собино кај Врање (1821), во „Св. Никола Геракомија” (1830) и во „Св. Врачи Големи” (1838) во Охрид. Благодарение на неговиот индивидуален стил, кој е нагласено барокен, може да му се припишат повеќе датирани, но непотпишани дела во Македонија, во Србија и во Бугарија. Карактеристиките на неговиот сликарски ракопис се прецизна, нагласена и разбранувана линија на цртежот, студена гама на инкарнатот, сликан со светол окер и сиви сенки. Неговите дела имаат словенски и грчки натписи. ЛИТ.: А. Василиев, Н®колко неизвестни иконописци от Македони®, „Македонска мисъл”, 3-4, Софи®, 1945, 164–165; А. Николовски, Уметноста на ⅩⅠⅩ век во Македонија, „Културно наследство”, IX, Скопје, 1984, 15; В. Поповска-Коробар, Икони од Музејот на Македонија, Скопје, 2004, 321. В. П.-К. Монета на Антонин Пиј, римски император