ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ (1903) – востание на македонскиот народ против османлиската власт. Конгресот на Македонската револуционерна организација (ТМОРО), одржан во Солун (2/15. – 4/17. Ⅰ 1896), донел одлука (16. Ⅰ 1903) напролет да се крене оружено востание. Започнувањето и водењето на Востанието биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево (19-24. Ⅳ – 2-7. Ⅴ 1903), одлучил да се крене општо ослободително востание; избрал Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ (во состав: Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев), ги определил востаничките реони и реонските штабови. На Главниот штаб му биле пренесени сите овластувања за раководење на Востанието; да извршува воена и политичка власт и, со функции на воено-востаничка влада, да стапува во врска и да води преговори со дипломатските претставници и со владите на европските големи сили, како и посредни или директни преговори со непријателот – Владата на османлиската држава, или со нејзини ополномоштени претставници. Главниот востанички штаб (27. Ⅴ 1903) донел наредба горските началства да ги мобилизираат органите и телата на Организацијата да ја преземат власта во градовите и во селата. Окружното раководство во Битола формирало „Информационо биро” на Главниот штаб за извршување разузнавачки и информациски задачи. Главниот штаб донел одлука (28. Ⅵ 1903) за започнување на Востанието на денот Св. Илија (2. Ⅷ 1903). По започнувањето на Востанието, Задграничното претставништво на Организацијата во Софија им предало на владите на европските големи сили Декларација со која биле известени за неподносливата експлоатација и за жестокоста на режимот на османлиската држаКрушево пред Илинденското востание во 1903 година Окружно на Гш на Битолскиот револуционерен округ за започнување на Востанието (20 јули 1903) ва, кој не ги почитувал елементарните права признати на македонскиот народ со Берлинскиот договор (1878). Од нив се барала ефикасна интервенција за да се присили Владата на Турција, како единствено одговорна за воениот конфликт, да ги изврши преземените обврски и на Македонија да $ даде автономија. Востаничките сили презеле нападни дејства во сите востанички реони (2. Ⅷ 1903). Востаниците од Крушевскиот востанички реон со концентриран напад го ослободиле Крушево. Во Костурскиот востанички реон биле ослободени и поголемите населени места Невеска и Клисура; во Леринскиот, Охридскиот, Преспанскиот и во Кичевскиот револуционерен ре-он, каде што биле водени жестоки борби, била воспоставена македонска револуционерна власт. Во ослободеното Крушево началникот на Горскиот востанички штаб го обнародил создавањето на „Крушевската република”, со Совет и со „Привремена влада”, избрани демократски од народот. Веднаш потоа биле избрани и другите органи на власта. ПривИЛИНДЕНСКО Карта на оружените дејствија во Илинденско востание (1903) Знамето на Крушевската чета ремената влада имала ресори: за внатрешни работи, за финансии, за исхрана, за изградба и за санитет. Посебните дејности ги извршувале специјални служби: за обезбедување и градење окопи за заштита, за поправка на оружјето и за производство на воени материјали, вклучително и црешево топче. За одбрана Привремената влада извршила мобилизација на машкото население способно за борба и презела мерки за заштита на муслиманските семејствата на избеганите државни службеници и на нивните имоти, обезбедувани од Востаничкиот штаб. Во обид да се неутрализира муслиманското население бил упатен повик, познат како „Крушевски манифест”, литографиран и испратен во селата со муслиманско население. Се соопштувало дека македонскиот народ се кренал на оружена борба против тиранскиот режим на власта и на насилниците, а не против сиромашното муслиманско население; дека востаниците не се разбојници, туку реЧетата на Питу Гули волуционери, па затоа тоа да не се плаши, да остане мирно, а дека во автономна Македонија сите ќе имаат еднакви права и слободи. Во другите револуционерни окрузи (Солунскиот, Серскиот и Скопскиот) Востанието имало карактер на герилско војување. Биле активирани сите вооружени чети кои вршеле напади на воените цели: гарнизони, стражарници и други цели, како и на стратегиските објекти: патиштата, железничките линии, телефонските и телеграфските инсталации. Со нивното дејствување била опфатена целата територија на Македонија и со тоа Илинденското востание добило карактер на масовно општонародно востание. Во Битолскиот револуционерен округ, каде што Востанието било најмасовно, била извршена мобилизација на голем дел од боречкото население и со тоа била обезбедена потребната концентрација на востанички сили за напад и за ослободување на вилаетскиот центар Битола, во време кога Владата на Турција ги разместувала армиските единици од другите региони и доведувала воени засилувања од Мала Азија. Главниот востанички штаб направил погрешна процена, во очекување интервенција од европските Големи сили, не ја икористил поволноста за ослободување на Битола и за создавање нова реалност во Македонија. Востаничкиот штаб (12. Ⅷ 1903) им предал Меморандум на дипломатските претставници со протест поради варварските постапки на регуларните единици на војската; против палењето и разурнувањето на селата и масакрирањето на неборечкото македонско население. Со тоа обраќање до владите на европските големи сили Главниот востанички штаб настапил од позиција на легитимен претставник на војувачка страна и се обидел да му биде признат таков статус, а по очекуваната нивна интервенција, од таа позиција да води посредни или директни преговори со Владата на Турција. Европските големи сили имале свои други интереси во османлиската држава и во регионот, биле против оруженото востание во Македонија и за зачувување статус кво. На Владата на Турција $ дале полна слобода да ги употреби сите потребни сили и средства за задушување на Востанието. И соседните балкански држави биле исто толку заинтересирани за ликвидирање на Востанието и за уништување на Македонската револуционерна организација, стравувајќи од интервенцијата на силите за давање автономија на Македонија. Во такви услови, при целосна изолираност и во непријателско окружување од соседството, македонските востанички сили опстојале до пред крајот на 1903 г., противставувајќи им се на огромната, модерно вооружена регуларна армија и на нерегуларните воени формации, кои примениле тактика на тотално уништување на македонските села, материјалната база и борбената резерва. По повеќемесечни жестоки борби, за да се поштеди народот од натамошно масакрирање, Востаничкиот штаб (12. Ⅻ 1912) издал директива за запирање на Востанието. ЛИТ.: Манол Пандевски, Илинденското востание во Македонија, Скопје, 1978; д-р Димитар Димески, Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает (1893-1903), Скопје, 1981; д-р Глигор Тодоровски, Илинден, Скопје, 1990. М. Мин.