АНДАЈ, Мелих Џевдет (Мелих Çевдет Анадаѕ) (Истанбул, 1920– 2000) – познат поет, романсиер, драмски автор, преведувач во Република Турција. Бил професионален новинар и колумнист во најтиражниот весник „Џумхуриет”. Бил познат публицист и професор по естетика на Државниот универзитет за театар во Истанбул. Чест гостин на културните манифестации одржани во РМ. Почесен член на ДПМ. БИБ.: Чуден, 1941; Дрвото што си го загуби мирот, 1946; Исток и запад, 1961; Окованиот Одисеј, 1963; Оние што се внатре, 1965; Тајна на заповед, 1970; Дневник на Исус, 1974; Нови богови, 1974; Збор врз јазик, 1975; Избор од современата македонска поезија, Истанбул, 1978, Избор од поезијата на македонски јазик. Еден нов свет, Скопје, 1998.ЛИТ.: Македонски писатели, Ск., 2004; Ахмет Октаѕ, Цумхуриѕет Дöнеми Едебиѕатý, Анкара, 1993. А. Аго