ЃУЛХАНСКИ ХАТИШЕРИФ

ЃУЛХАНСКИ ХАТИШЕРИФ (1839 г.) – акт на султанот Абдул Меџит со кој биле промовирани реформите во Османлиската Империја. Се гарантирала сигурност на животот, честа и сопственоста на сите поданици, верската и политичката рамноправност на сите граѓани, без разлика на нивната верска и народносна припадност, укинување на сите феудални воени формации, се дозволувала изградба на нови и реновирање на старите цркви и манастири, организирање црковно-училишни општини и сл. Периодот на реформи што следел по прокламирањето на овој акт во историјата е познат како Танзимат. ЛИТ.: История на Османската империя. Под редакцияата на Робер Мантран, София, 1999; Ислам ансиклопедиси, 118 цњз, Истанбул, 1970. Др. Ѓ.