ДУМУРЏАНОВ, Никола

ДУМУРЏАНОВ, Никола (с. Саракиново, Воденско, Грција, 8. Ⅵ 1937) – редовен професор на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Дипломирал геологија на Масариковиот универзитет – Брно, Чешка (1960), а докторирал на Рударско-геолошкиот факултет – Белград (1980). Педагошка дејност на факултетот вршел од 1979 до 2001 г., кога се пензионирал, а во периодот 1989–93 бил и декан. На полето на научностручната дејност, својот работен век го посветил на регионално-геолошките и тектонските проучувања и петролошките испитувања, области во кои има реализирано бројни проекти во Македонија и во странство. Тоа се: изработка на Основната геолошка карта на СФРЈ, 1:100.000, листови: Штип, Крушево, Охрид и Подградец, Витолиште и Кајмакчалан; изработка на наменски карти за железните оруднувања во Македонија; изработка на неотектонска и сеизмотектонска карта на Тунис и др. БИБ.: Н. Думурџанов, Петрогенетски карактеристики на високометаморфните и магматските карпи на централните и западните делови на Селечка планина СР Македонија, „Геологика Македоника”, т. Ⅱ, Штип, 1985; – Структурна геологија (унив. учебник), 1999; Н. Думурдзанов, Т. Серафимовски, Ц. Б. Бурцхфиел, Еволутион оф тхе Неогене–Плеистоцене Басинс оф Мацедониа. Геологицал Соц. оф Америца, ДМЦ 001, 2004, п. И–ⅩⅩ,; Н. Думурџанов, Г. Петров, Геолошко картирање (универз. учебник), 2005. Н. Дум.