ДРАГАШ, Елена

ДРАГАШ, Елена (? – 1450) – византиска царица, ќерка на Константин Драгаш, помладиот син на деспотот Дејан. Се омажила (1392) за византискиот император Мануил Ⅱ Палеолог (1391–1425). На манастирот „Дионисиј”, на Света Гора, му подарила златен крст со натпис на грчки јазик во кој се именува како „ќерка на Драгаш”. Мајка е на последниот византиски император Константин XI Палеолог (1449–1453), кој по неа се нарекувал и Константин Драгаш. Починала како монахиња Ипомона. ЛИТ.: В. Мошин, Крст царице Јелене, кÊери кнеза Драгаша, „Уметнички преглед”, 5, 1938; Д. АнастасијевиÊ, Једина византијска царица Српкиња, „Братство”, 30, 1939; Идем., Још једна беседа поводом смрти Јелене Драгаш, „Братство”, 1940. К. Аџ.