ДЕМНИЕВА КУЗМАНОВСКА, Благојка

ДЕМНИЕВА КУЗМАНОВСКА, Благојка (Велес, 1920 – Скопје, 1999) – наставник, комунистички деец и борец. Како студент на Белградскиот универзитет, била член на КПЈ (1940), на МК на КПЈ и на МК на СКОЈ во Велес (есента 1941). Била уапсена од бугарската полиција (декември 1941), а по шестмесечното иследување е интернирана во Златоград (Бугарија), до почетокот на 1943. Во Велес пак била уапсена и интернирана во женскиот логор „Свети Никола” кај Асеновград (Бугарија, февруари – кон крајот на 1943). По краток престој на слобода, пак била уапсена и интернирана во с. Вршец кај Белогратчик (Бугарија, април – август 1944). По враќањето веднаш се вклучила во НОАВМ. Била член на Околискиот комитет на КПМ, на Првиот областен комитет на КПМ, на Главниот одбор на АФЖ на Македонија, на Главниот одбор на ССРНМ и др. ИЗВ.: Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата 1941–1945, Скопје, 1976. С. Мл. Алекса Демниевски, командант на ⅩⅤ македонски корпус на ЈНА