АЛПСКА ГРАНИЦА НА ШУМАТА

АЛПСКА ГРАНИЦА НА ШУМАТА – нивото до кое достигнува склопена шума што расте исправено повисоко од 5 м. Таа е законита појава на сите високи планини на сите континенти, само што е формирана од разни видови дрвја и се наоѓа на различна надморска висина. швајцарскиот ботаничар Х. Броцкманн–Ѕеросцх (1919) ја испитувал алпската граница на шумата на Северните, Централните и Јужните Алпи и констатирал дека таа поминува по среднојулската изотерма од +10 С. Споредбена анализа на алпската граница на шумата на Рила, Бјелашница и Рисњак направил и Хорват (1942) и констатирал дека маритимната клима со Според Скилица, Петар Делјан по своето крунисување го прима неговиот роднина Алусијан (XI в.) се наоѓа на 1.800 м надморска висина, а групи стебла се наоѓаат до 2.000 м надморска висина. На Пелистер моликата формира шуми до 1.800 м надморска висина, а групи стебла се наоѓаат до 2.200 м надморска висина. На Кајмакчалан белиот бор формира шуми до 1.800 м надморска висина, а групи стебла се наоѓаат до 2.000 м надморска висина. Буката формира алпска граница на голем број планини: Кораб, Дешат, Бистра, Поречки Планински Венец, Јакупица, Беласица и др. Таа формира шума до 1.800 м, а се среќаваат групи до 2.000 м. Р. Р. Моше Алтбауер