ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА – идеја и програма за обединување на сите Албанци во голема албанска држава на Балканот со насилно присоединување на делови од Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. Оваа идеја, застапувана од Призренската лига (1878), барала во албанската држава да влезат и неалбански етничко-историски територии. Во функција на таа идеја, од 80-тите години на ⅩⅠⅩ в. до прогласувањето на албанската независност (28. XI 1912), имало постојани судири и омраза спрема „Словените и Грците“. Во периодот потоа, во пограничните зони на широкиот појас во правецот запад–исток, од Косово преку Качаник, Куманово и Бујановац, сè до Пчиња, насочено се населувале албански доселеници за запоседнување на тие територии. Во пер„Голем Град“, остров во Преспанското Езеро Територија на „Голема Албанија” иодот на Втората светска војна во Албанија се развило фашистичко движење и била создадена квислиншка власт која, со поддршка од Италија и Германија, пристапила кон операционализација на програмата за создавање „Голема Албанија“. Со Мусолиниевиот декрет (29. Ⅵ 1941) бил формиран протекторат Голема Албанија во границите утврдени со договорот помеѓу Германија и Италија (21. Ⅴ 1941), во кој влегле делови од Црна Гора, Метохија, поголемиот дел од Косово и од Западна Македонија. На тие територии била спроведувана албанизација со наметнување на албанскиот јазик и протерување на неалбанското население. Втората призренска лига (16–19. IX 1943), со учество на делегати од Косово и Македонија (Дебар, Струга, Улцињ, Туз, Косовска Митровица, Сјеница, Приштина, Пеќ и Призрен), усвоила Декларација за обединување на протекторатот со Албанија. Големоалбанската идеја била поразена во Втората светска војна и албанската држава се задржала главно во своите традиционални историско-етнички граници (28.000 км 2). ЛИТ: Д-р –орÚе Борозан, Велика Албанија (поријекло–идеје–пракса), Београд, 1995; Миодраг Николић, Албанија, Београд, 1991; Глигор Тодоровски – Петко Домазетовски, Окупацијата на Западна Македонија 1941–1944. Документи, Струга, 2003. Ѓ. Малк.