ГОЛЕВ, Борис (Банско, Разлошко, 1883 – ќустендил, 25. Ⅱ 1918) – учесник во Илинденското востание, војвода. Потекнува од родољубивото и преродбенско семејство Голевци во Банско. Млад влегол во редовите на МРО. Бил избран за член на ОК на ТМОРО во Разлог (1901). Во врска со аферата „Мис Елен Стоун“ бил затворен и измачуван. Во Илинденското востание бил војвода на чета од 25 востаници од Разлошко. Учествувал во битките кај месноста Скалата на Пирин и за ослободување на с. Белица. По востанието бил уапсен и затворен во „Беаз Куле“ во Солун (1905– 1908). Учествувал во Балканските и во Првата светска војна. По тешко боледување, умрел во Воената болница во ќустендил. ИЗВ. иЛИТ.: Освободителното движение в Македони® и Одринско. Спомени и материали (Фототипно издание), Софи®, 1983, т. Ⅱ, с. Ⅷ; в. „Пиринско дело“, бр. 179, Благоевград, 1983. Ал. Тр.