ГИЛЕВСКИ, Паскал

ГИЛЕВСКИ, Паскал (Сетома, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1939) – поет, раскажувач, романсиер, есеист, критичар, преведувач. Поминал низ егзодусот на децата бегалци по Граѓанската војна во Грција (1946-1949); се школувал во Унгарија. Во Скопје завршил средно уметничко училиште и Филозофски факултет. Бил директор на Народната и универзитетска библиоте-Скопје, претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија. Член е на Унгарската академија на науките и уметностите. Работи како уредник во издавачката куќа „Матица македонска”. Преведува од грчки, француски и унгарски јазик. Одликуван од Француската влада со звањето „Витез на уметноста и литературата”. БИБ.: Брегум-брегум, поезија, 1972; Толкување на уметноста, есеи, 1977; Бегство, поезија, 1983; Глава, раскази, 1984; Знаме во пазувите, поезија, 1985; Животот на песната, поезија, 1985; Зоја, роман, 1986; Небесна и земна љубов, роман, 1989; Бездомници, раскази, 1989; Ангели на прогонството, роман, 1993; ќорсокак, роман, 1993; Поетика на два брега, есеи, 1995; Скомраз, роман, 1997; Расчекор, раскази, 1999; Избрани дела во пет тома, 1999; Повредена интелигенција, публицистика, 2000; Меланхолија, поезија, 2000; Скопски зори, роман, 2001; Остров во пеколот, роман, 2005. Г. Т.