ГАВРИЛОВСКИ, Милан Темелков (с. Гостиражни, Прилеп, 16. Ⅰ 1922 – Прилеп, 3. Ⅰ 1991) – интернист, пневмофтизиолог. По дипломирањето медицина во Бел-град (1949), специјализирал фтизиологија и интерна медицина и работел на двете специјалности до пензионирањето (1986). Во 1967 г. станал примариус. Бил управник на ДНЗ (1961-1966) и директор на Медицински центар – Прилеп (1969-1973). П. Б.