ВРАНЕШТИЦА

ВРАНЕШТИЦА – село во Кичевско. Се наоѓа во северозападното подножје на планината Баба Сач, на надморска височина од околу 660 м. Со регионален пат е поврзано со Кичево. Има 660 ж. Главно занимање на населението е грнчарството, а постои и фабрика за ќерамиди и тули. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 10.913 ха, а има 15 населени места со 1.322 ж. Во селото има осумгодишно училиште и две цркви. Ал. Ст. Сојка