ВОДНО, Маркови Кули – рановизантиски кастрон подигнат на ридот Маркови Кули, крајниот источен изданок на планината Водно. Подоцна во средниот век тврдината била обновена и позната од изворите како средновековен град Чрнче, од каде што потекнува името на денешната населба Црниче, во неговото север-но подножје. Најстарата фаза претставува доцноантичка тврдина од првата половина на Ⅳ в. од н.е. од којашто останала само една полукружна кула и бронзени монети. Втората фаза претставува монументална тврдина со 30 кули. Таа била компонирана од акропола, град и источно подградие. Третата фаза датира од зрелиот среден век (XI – Ⅻ в.). Тогаш била обновена акрополата со огромен фронтален полигонален бастион и четири правоаголни источни кули. Тврдината е голема 400 х 70 м. Се истакнуваат следниве објекти: челен фортификациски комплекс што се состои од рановизантиски тригон и од средновековен полигонален бастион; средновековен дворец, објект во централниот дел на акрополата (22,5 х 12 м); две големи ранови-Водна змија белоушка Скопје со планината Водно зантиски цистерни за вода со димензии 23,5 х 12,5 м и 16,4 х 11,7 м, длабоки повеќе од 10 м, кои собирале 2.400 кубни метри вода (биле покриени со сводови во рановизантиска градежна техника). Откриени се повеќе монети од Ⅳ, Ⅵ и од Ⅻ–ⅩⅠⅠⅠ в., рановизантиски водовод од керамички цевки-тубули, како и делови од аваро-словенска опрема (фибули, појасно копче од сучидава тип, парагнатида од шлем, делови од накит, златна обетка, керамички црепни за печење леб од словенски тип. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Старо Скопје со околните тврдини, Скопје, 1982, 48–53. В. Л. Василиј Водовозов