ВЛАКНОДАВНИ РАСТЕНИЈА – се одгледуваат за добивање влакно. Во светот, растителното влакно учествува со нешто над 70%. Се добива и семе богато со масло, кое се употребува за технички цели (бои, лакови, сапуни и др.), како и во авионската, автомобилската, електротехничката индустрија. Во медицината се користат за изработување завои, газа, вата. Се прават разновидни Созреан памук платна за облека и за разни потреби во домаќинството, церади, шатори и др. Постојат голем број влакнодавни растенија, но позначајни се: памук (Госсипиум сп. Л.); коноп (Цаннабис сатива Л.); лен (Линум уситатиссимум Л.). Се одгледуваат за влакното, семето или комбинирано. П. Ив.