ВЕЛУШКА ТУМБА -. неолитска населба во подножјето на Баба Планина, а на 400 м јужно од с. Породин и 2 км источно од с. Велушина. Претставува вештачка височинка, висока 5 м и со издолжена основа од 250 м. Истражувана од археолозите од Музејот во Битола (1971-1984, со мали прекини), кои вршеле сондажни ископувања во нејзиниот средишен дел. Така, во културниот слој од 4 м биле констатирани четири фази од урбано обновување, исполнети со остатоци од изгорени објекти и предмети од материјалната и духовната култура. Населбата била подигната во раниот и егзистирала до крајот на средниот неолит. Заради хронолошкиот континуитет и типолошката специфичност кај керамиката и култната пластика, неолитот во Пелагонија е атрубуиран како засебна група. Наодите се чуваат во Музејот во Битола. ЛИТ.: Драгица Симоска – Воислав Санев, Неолитска населба Велушка Тумба кај Битола, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 1, 1975; Воислав Санев, Неолитот и неолитските култури во Македонија, во: Цивилизации на почвата на Македонија, 2, МАНУ, Скопје, 1995. В. С.