ВЕВЧАНИ

ВЕВЧАНИ – село во Струшко. Се наоѓа на западната страна на Струшката Котлина, во подножјето на планината Јабланица, на надморска висина помеѓу 800 и 900 м. Со регионален пат е поврзано со Струга. Има 2.433 ж. Голем број од нив се печалбари. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 2.280 ха, но има само едно населено место – с. Вевчани. Во В. постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Познато е по Вевчанскиот карневал кој се одржува на празникот Василица. Ал. Ст.