ВАСИЛЕВСКИ, Ристо

ВАСИЛЕВСКИ, Ристо (с. Наколец, Преспа, 31. Ⅰ 1943) – поет, есеист, критичар, антологичар, преведувач. Завршил средно стручно училиште. Живее и работи во Смедерево, Србија. Член на ДПМ (1970). БИБ.: „шепоти” (поезија, 1968), „Временија” (поезија, 1970), „Толкување на патот” (поезија, 1973), „Големи и други работи” (поезија за деца, 1974), „Од плитари до фасади” (монографија, 1974), „Давање облици” (поезија, 1981), „Прелистување на времињата” (поема, 1984), „Житието на Коле Ф.” (поезија, 1984), „Болна куќа” (поезија, 1984), „Големи и други работи” (поезија за деца, 1990), „Плодород” (поезија, 1991), „Чудбината на едно ќесе” (роман за деца во стихови, 1991), „Пофалба на адот” (поезија, 1993), „Играње со главата” (поезија, 1997), „Паричникова судбина” (роман за деца во стихови, 1998), „Огледала” (поезија, 1998), „Ткаенка на злото” (поезија, 1999), „Игри и пофалби” (поезија, 2000), „Храм, сепак, храм” (поезија, 2002). Р.