БУКЛЕВСКИ, Томе, (Кичево, 21 Ⅹ 1921) – првоборец и политичар. Како припадник на комунистичкото и работничкото движење, бил учесник во НОАВМ и член на КПЈ (1941), поради што бил затворен во Тирана ( Ⅳ 1942 – Ⅹ 1943). Подоцна бил секретар на ОК на КПМ за Кичевско, заменик политички комесар на баталјони и бригада. По Ослободувањето бил вработен во дипломатијата, пратеник во Сојузното собрание и во Собранието на СРМ, член на Претседателството на СРМ, претседател на Матицата на иселениците и др. Носител на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: ДАРМ Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Вл. Ив. Калиопи Буклеска