БУКВИЌ, Александар (Белград, 1936 – 1985) – психолог, професор во Белград и во Скопје. Ги завршил студиите на Групата за психологија на Филозофскиот факултет во Белград (1959). Работел на Институтот за применета психологија и ментална хигиена на Воено-медицинската академија и на Филозофскиот факултет во Бел-град (Одделение за психологија). По формирањето на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1977– 1979) изведувал настава по Статистика и Психометрија. Водечки стручњак во областа на психолошкото мерење на способностите на Балканот и во меѓународни рамки. БИБ.: Проверите своју интелигенцију, 1977; Начела израде психолошких тестова, 1981 и др. ЛИТ.: „Билтен Универзитета у Београду”, 7. Ⅴ 1982. В. Арн.