БРАНДЕС, Георг

БРАНДЕС, Георг (Копенхаген, Данска, 1842–1927) – познат дански литературен историчар, филозоф и литературен критичар. Автор е на повеќе капитални трудови, чија проблематика најчесто се литературите на европските народи, пред сћ средноевропските и скандинавските. Главно дело му е „Главните насоки во литературите на ⅩⅠⅩ век” (во шест тома, 1872–1890). Долго престојувал низ повеќе европски земји (Германија, Англија, Франција, Италија). Се застапува за реалистичка и натуралистичка литература, пројавувајќи се како тотално ангажиран човек, како ерудит со стил на уметник. Тој е европеизатор на данската литература и култура. Г. Б. се произнесол врз македонската тема на страниците на копенхашкиот весник „Политика” низ поопширна статија во деновите на Илинден 1903 г. Податоци за тоа дека проговорил јавно за Македонија наоѓаме во книгата на Владимир Стојанович Везенков „Македонија и причините на Балканските војни” (Москва, 1913). Везенков приведува цитати од написот на Б. за Македонија, полни со жестока осуда на турските поробители. Б. посебно се задржува низ опис и коментар на загинувањето на охридскиот војвода М. Патчев во прилепското село Кадино. Г. Т. Вера (Божинова) Бранѓолица