БОР-ДРВО

БОР-ДРВО . (род Пинус Л., фам. Пинацеае) – род со околу 80 зимзелени иглолисни вида во Северната хемисфера. Сите видови се дрвја со прави стебла и со пирамидален хабитус, со прешленест распоред на гранките врз кои се формираат долгорасти и кусорасти. Игличките по 2 до 5 во кусораст. Еднодомни и еднополни. Соплодието е шишарка со различна форма и големина. Дрвото и другите органи содржат големо количество смолни материи. Кај нас најзастапени се: а) бел бор (линак) (П. силвестрис Л.) – евроазиски вид, во Република Македонија е природно застапен во високите делови на шар Планина, потоа во Мариов-Молика (елов или македонски бор) ските и Малешевските Планини. Двоигличест бор со кратки, сивозелени иглички и со мали шишарки. Има многу квалитетно дрво и е еден од боровите со големо стопанско значење за шумарството; б) кривуљ (планински бор) (П. му-го Турра) – високопланински бор со испрекинат ареал во планините на централна и јужна Европа. Во Република Македонија е застапен на шар Планина и на Јакупица. Полегната грмушка или мало дрво со повеќе стебла од коренот. Има по две куси и крути иглички на кусорастот; в) молика (елов бор; македонски бор) (П. пеуце Грис.) – балкански ендемит и терцијарен реликт откриен 1839 г. на Пелистер. Петтоигличест бор распространет по високите силикатни планини на Балканот; г) муника (П. леуцодермис Ант.) – балкански субендемит и терцијарен реликт распространет по високите варовнички планини на Балканот и во јужна Италија. Во Република Македонија се регистрирани негови остатоци на шар Планина и на Галичица. Двоигличест бор со темнозелени, крути иглички; д) црн бор (брица) (П. нигра Арн.) – јужноевропски, многу полиморфен двоигличест бор. Во нашата земја има општа распространетост, а региони со поголеми шумски комплекси се Мариовскиот, Малешевскиот и Поречкиот. Еден од најзначајните иглолисни видови за македонското шумарство. Освен автохтоните, во Република Македонија се интродуирани и веќе масовно се застапени и голем број алохтони борови: вајмутов (П. стробус Л.), сребренест (П. монтицола Доугл.), хималајски (П. еџцелса Валл.), брутски (П. брутиа Тен.), приморски (П. маритима Милл.), жолт бор (П. пондероса Лањс.) и др. Ал. Анд.