ЧЕРУПКАРИ

ЧЕРУПКАРИ (Острацода) – многу ситни ракчиња. Живеат на дното, поретко планктонски, во мориња и во копнени води. Името го добиле од зборот остраеон гр. черупка, бидејќи телото им е заштитено со черупка од два капака. Претставени се со 2.000 рецентни и околу 12.000 фосилни видови. Од оваа група ракчиња во Македонија има 172 вида, од кои 44 видови се ендемични и тоа 33 се од Охридското Езеро. ЛИТ.: П.Ф., Холмес, Острацода оф Лаке Охрид, Арх. Хѕдробиол., 1937, 31(3): 484-500; Трајан Петковски, Цлауде Меисцх, Карел Њоутерс, Таџономиц Ревисион оф тхе Фресхњатер Острацода специес Цѕпридопсис лусатица Сцхафер, 1943 (Црустацеа) фром Мацедониа, Булл. Соц. Нат., Луџембоург, 1992, 96: 167-183; група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.