ЧЕЛЕНКА

ЧЕЛЕНКА – невестински украс за на глава, изработен од чаталесто дреново дрво, обвиткано со шарени крпи. Се придржувала на главата со ремче под гушата, а со други ремчиња се прикачувала за рамото на горната облека. Од неа се спуштале Челенка надолу низи од пари или монистра што ѕвонеле при одењето. Престанала да се носи кон крајот на ⅩⅠⅩ в. Ј. Р.-П. Емин Челику