ЧЕЛЕБИ, Исхак

ЧЕЛЕБИ, Исхак (Исхак ќ елеби), (Скопје, 1493 – Дамаск, 1537) – турски поет од средновековната диванска литература. Бил професор на медресите во Скопје, Серез, Едрене, Бурса. Ја завршил највисоката османска медреса Сахн во Истанбул. Бил мудерис-соработник на истата медреса. На многу места бил кадија. Литературниот опус опфаќа: еден диван (собрани касида и газели напишани на турски, арапски и персиски јазик), два шехренгиза (еден за Скопје, друг за Бурса), Селим-наме (книга за Султан Селим) и хроностихови. ЛИТ.: Докторска дисертација на Ванчо Бошков, Љубовна лирика-газелијат на Исхак Челеби, одбранета на Филозофскиот факултет во Сараево, 1969. А. Аго