ЦРНО СЕМЕ

„ЦРНО СЕМЕ“ – игран филм, ед-но од најзначајните остварувања во македонската кинематографија. Снимен во 1971 г., според истоимениот роман на Т. Георгиевски, во режија на Кирил Ценевски. Дејството е лоцирано во времето на Граѓанската војна во Грција (1946). Потресните сведоштва за невидените тортури врз групата грчки униформирани војници од македонско етничко потекло добиваат во строгата и компактна режиска острина на непосредно доживување, на агонијата. Од многубројните домашни и меѓународни награди најзначајна е Златната арена за режија во Пула. Г. В.