ЦРВИ, ЦЕВЧЕСТИ

ЦРВИ, ЦЕВЧЕСТИ (Нематхелминтхес) – црви со разновиден облик и големина на телото. Целото тело им е покриено со дебела покривка (кутикула), под која, наместо епител, се наоѓа слој од зрнеста протоплазма (хиподерма). Во Македонија Цевчест црв (нематода) има 613 видови цевчести црви. Тие се подредени во две класи: ротатории (Ротаториа) и нематоди (Нематода). Ротаториите се среќаваат во планктонските заедници на нашите езера, регистрирани се 60 видови. Од класата нематоди, во Охридско Езеро е утврдено присуство на 23 слободни непаразитски видови, од кои, 3 се ендемични. Заедно со истражените терестрични нематоди, вкупниот број регистрирани видови се заокружува на 553. ЛИТ.: Огнјанка Поповска-Станковиц, А цонтрибутион то а беттер кноњледге оф тхе Мицрофауна (Ротаториа, Цопепода анд Цладоцера) оф Стенје Марсх, Фолиа балц., Инст. Писц., Скопје, 1971, 3(1): 1–8; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991, 1– 640; група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје 2003, 1–210. В. Т. К – М. Кр.