ЦЕНЕВСКИ, Кирил

ЦЕНЕВСКИ, Кирил (Крива Паланка, 28. И 1943) – филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970). Го режира филмот „Црно семе“ (1971). По ус-пешното деби, со помал успех ги режира и играните филмови „Јад“, „Оловна бригада“ и „Јазол“. Особено е значајна неговата серија портрети на лауреатите на Струшките вечери на поезијата: Леополд Седар Сенгор, Еуџенио Монтале, Фазил Хисни Дагларџа, Ежен Гилвик и Рафаел Алберти. Иг. Ст. Населбата Центар Жупа, Дебарско