ЦВЕТКОВ, Парашкев (Плевен, Бугарија, 20. Ⅴ 1875 – с. Могила, Парашкев Цветков Битолско, 8. Ⅴ 1903) – гимназиски професор по музика и војвода на ТМОРО. Дипломирал на конзерваториум во Русија и бил професор по музика во родниот град, а потоа во Битолската класична гимназија (1902/3) и домашен учител на децата на битолскиот руски конзул А. А. Ростковски. Тука станал член на ТМОРО, а потоа како битолски реонски војвода (пролетта на 1903) учествувал во подготовките на Илинденското востание. Бил секретар на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ (1903). Загинал во битка со турската војска. ЛИТ.: Бугари–соборци на Гоце. Внуката на Гоце Делчев, баба Лика Чопова-Јурукова кажува за директното учество на голем број Бугари во македонското револуционерно движење, „Гоцеви денови – Песна за Гоце“, Ⅶ, 7, Скопје, 7. Ⅱ 1981, 17; Димитар Диме-ски, Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает (1893-1903), Скопје, 1981; Спомени и биографии на илинденци, Битола, 1993. С. Мл.