ЦАРЕВИ КУЛИ

ЦАРЕВИ КУЛИ (СТРУМИЦА) – тврдина на доминантен рид над остатоците на античкиот и средновековен град. Масивните тврдински ѕидови го окружуваат рамното плато, дополнително зајакнати со ѕид од полесно пристапната северна страна. На јужната страна се наоѓала порта заштитена со две кули и јаз преминуван со подвижен мост. На платото била подигната масивна повеќеаголна кула од ти-пот на средновековните донжон кули со неколку ката, како и цистерна за вода источно од неа. Градежната и садова керамика откриена на платото посочува на користење на просторот од Ⅳ в. па натаму, во ⅩⅤⅠ и ⅩⅤⅠⅠ в., а на пониското источно плато во енеолитот. ЛИТ.: Ј. Ананиев, Струмица, Цареви Кули, во: Археолошка карта на Република Македонија, Ⅱ, Скопје, 1996, 414–415. Љ. Џ. Учесниците на Цариградската конференција (1876/77)