СТЕФАН

СТЕФАН (ⅩⅣ в.) – севаст, намесник на кралот Волкашин во Јужна Пелагонија со седиште во Лерин. Ковел сопствени монети во Охридската ковница. Покрај неговото име и името на градот Лерин, на монетите се претставени и врховниот владетел и владетелка, т.е. кралот Волкашин (1365–1371) и неговата жена Елена. ЛИТ.: С. Димитријевиќ, Нова серија нових врста српског средњовековног новца, Ⅲ, „Старинар“, ⅩⅤⅠⅠⅠ (1967), Београд, 1968. К. Аџ. Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан