СЕНО

СЕНО – кабеста маса од тревести видови (класести и мешункасти или нивни смески), со влага од 12–16%. За подготвување сено најчесто се користат ливадите и културите одгледувани на оранични површини (луцерка, еспарзета, детелини, ѕвездан, граори, грашок), чисти или во смеска. Подготвувањето на сеното бара снижување на влагата од 70-80% на 12-16% за да се оневозможи влијанието на гниежните микроорганизми. Претставува значаен извор на: протеини, јаглени хидрати, минерални материи, незаменливи аминокиселини, биостимулатори, микроелементи и вита-мини. За одделни видови животни може да биде успешна замена на концентратите. Се чува рефус или балирано. П. Ив.