САЈА

САЈА – горен дел од женската облека, без ракави, што се облекува над градникот. Составена е од следниве делови: предни поли. скутови, поли или скутички, мали поли (предните делови) и заден дел, т.н. задниште, заден стан, расцепок што се наоѓа на долните страни од сајата (задните делови) и колутци како парчиња скроени под мишките. Се разликувале два вида: бела саја и шарена саја, китена саја или голема саја. Белата саја, од бело платно, е карактеристичен дел на носијата од Кумановскиот регион. Белата памучна саја од с. Осиче, Кривопаланечко, била куса една педа под половина-Саја, женска горна облека та и тесна по крој. Во некои шоп-ски села во Кумановско жените носеле саја изработена од бел шајак, долга до колената, од горе до долу украсена со разнобојни прави линии, а меѓу линиите навезени разнобојни орнаменти со тркалезна форма, изработени со волнен конец. Празнините на сајата биле исполнети со пулови. Сајата била без ракави, а под мишките била украсувана со виснати крпи, шарени по краиштата. Дополнителен украс на овој елемент од носијата биле и сребрените пари што се нанижувале на предниот дел, а на грбот се ставале и дополнителни метални украси, т.н. подвески. Секојдневните саи жените сами ги украсувале, додека оние побогатите, невестинските и празничните, ги изработувал терзија. В. шарена саја. Ј. Р.-П. Евгениј Салавјов