ПАО

ПАО (СЕГРЧКА ОСЛОБОДИТЕЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА)(1942) – грчка антимакедонска организација создадена од група грчки офицери со одобрение од германските окупаторски власти. Организацијата била поддржана од грчкото колонизирано население во Егејскиот дел на Македонија и имала пунктови во Воден, Негуш, Бер, Кожани, Костур, Лерин, Кукуш и во други места. ПАО имала и свои оружени сили – Национална армија (ЕС) и се борела против Македонското националноослободително (комунистичко) движење и против грчкото комунистичко движење (ЕАМ – ЕЛАС). ЛИТ.: Т. Мамуровски, Бугарската пропаганда во Југозападна и Централна Егејска Македонија 1941–1944, Скопје, 1989. Ст. Кис. Македонски папрат (Асплениум мацедоницум Кüмм)