МАКЕДОНСКИ (БЛАЖЕВ), Ѓорѓи

МАКЕДОНСКИ (БЛАЖЕВ), Ѓорѓи (Скопје, 1919 – Скопје, 7. Ⅸ 1998) – балетски играч, педагог и кореограф. Втемелувач на балетската уметност во Македонија. Завршил балетско училиште во Белград и бил член на Балетот при Народното позориште. Пристигнал во Скопје (1948) како прв шеф, педагог и кореограф. Се зафатил со организирање и оформување на Балетското студио во кое, покрај другите членови, биле примени и група талентирани пионери, кои во историјата на балетската уметност во Македонија се запишани како прва балетска генерација. Студиото прераснало во Балетско училиште, а М. бил неговиот прв директор (1950). Станал прв играч, шеф, педагог, кореограф на Балетот во Нови Сад (1952-1955). Како балетски играч бил член на балетските ансамбли во Белград, Софија, Загреб и во Сплит. Играч со убава фигура, со мошне солидна класична балетска техника, танцувачки темперамент. Како кореограф, М. поставил на сцената во Скопје низа успешни балетски остварувања. КОРЕОГРАФИИ: „Валпургиска ноќ“ (ш. Гуно), „Бахчисарајска фонтана“ (Б. Асафјев), „Франческа де Римини“ (П. И. Чајковски), „Болеро“ (М. Равел), „Лебедово езеро“ (П. И. Чајковски), „Тамара“ (М. Балакирјев), „Охридска легенда“ (С. Христиќ) и др. Ем. Џ. „МАКЕДОНСКИ БŒЛЕТИН