БЛАТЕЦ

БЛАТЕЦ – село во Виничко. Се наоѓа на северните падини на планината Плачковица, на надморска висина од околу 700 м. Со Виница е поврзано преку регионалниот пат ВиницаБерово. Во минатото било мешано, населено со македонско и турско население. Во 1912 г. во него имало околу 350 турски и 150 македонски куќи. Денес е населено со Македонци, а нивниот број во 2002 г. изнесувал 1.587 ж., а од малцинствата имало само седум Срби. Во Б. има осумгодишно училиште, здравствена станица и повеќе трговски и занаетчиски дуќани. Ал. Ст.