АЛИУ, Али Ферик (Али Ферик Алиу) (с. Крани, Преспа, 1. Ⅳ 1934) – есеист, критичар, теоретичар на литературата, преведувач, професор, академик. Основно училиште завршил во Битола, Учителска школа во Скопје и дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград. Докторирал на тема „Книжевното дело на Петро Марко” на Универзитетот во Приштина. Работел како новинар и уредник во „Нова Македонија”, како и во списанијата „Млад борец”, „Флака” и „Јехона”. Од 1972 г. е ангажиран како предавач и професор по предметите Теорија на литературата и Со-Али Алиу времена албанска книжевност на Филолошкиот факултет на Приштинскиот универзитет. Член е на КАНУ, МАНУ надвор од работниот состав, како и на ДПМ (1975). Се занимава со книжевна критика и со есеистика и е еден од најистакнатите албански книжевни критичари. Пишува критички осврти на дела од македонската, балканската и светската книжевност. БИБ.: Истражувања, 1971; Времето и творецот, 1975; Четири романи на Петро Марко, 1979; Книжевни студии, 1982; Теорија на книжевноста, 1984; Дон Кисхоти ндшр Схљиптаршт, 1998; Рефлексе летраре, 1999; Антологија на современата албанска поезија, 2000; Дон Кисхоти ндшр схљиптарш, 2000; Дон Кихот меѓу Албанците, 2003. А. П.