ЏЕМАЛИ, шабан

ЏЕМАЛИ, шабан (Дебар, 6. Ⅴ 1918) – правник. Бил учесник во НОБ (од 1942) како заднински активист, помошник-командант на Командата на местото; член на КПМ (од 1944). По Ослободувањето ја завршил Вишата управна школа и бил претседател на Градскиот народен одбор (1944–1947), член на Околискиот комитет на СКМ, член на Општинскиот комитет на СКМ, потпретседател, а потоа претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ и секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Дебар. Бил член на Одборот за општествено-економски односи на Републичкиот совет и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ (1970). С. Мл.